Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола

 

 

Настани

 

Изложба: „Непокор и слобода“ – 11 Октомври – Ден на народното востание

Изложба: „Непокор и слобода“ – 11 Октомври – Ден на народното востание

По повод 11 Октомври- Ден на народното востание во нашата установа се организира изложба под наслов „Непокор и слобода“, посветена на храброста, решителноста и борбата на македонскиот народ за слобода и достоинство. Преку пишаните документи (книги и весници),...

Недела на забранети книги – Истражување низ забранетите страници

Недела на забранети книги – Истражување низ забранетите страници

Неделата на забранетите книги ја завршуваме со една прекрасна креативна активност со учениците од 7 одделение од ООУ „ Елпида Карамнади“- Битола кои заедно со нивната наставничка по македонски јазик Маја Јанакиевска беа наши мали детективи. Учениците имаа можност да...

Библиотека што слуша: разговор за менталното здравје

Библиотека што слуша: разговор за менталното здравје

По повод Светскиот ден на менталното здравје, во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работилницата „Библиотека што слуша: разговор за менталното здравје“. Работилницата ја водеше доц. д-р Марина Кузмановска, лиценциран психолог и...

Информации:

 

Начини на пребарување на книги

  • Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
  • Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
  • Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи

 

Историја на библиотеката

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.

Услуги кои ги нудиме

  • Годишна членска карта
  • Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
  • Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
  • Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.

Зачленување

Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.

Броевите зборуваат за нас

 

Годишна чланарина и зачленување .

Дигитална библиотека