News Pro GK1
- 0
- 1
- 2
- 3
- 4
ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА![]() „ОД ГРАДИНАТА НА БАБА МИ“ Изложба на Слободан РајчевскиКниги на жени нобеловки НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола е дел од регионална мрежа на хортикултурни библиотеки, концепт кој што вклучува запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаниката, уметноста, како и промовирање на литературата од истата област, со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивната свест за уредување на работните и животните простори.На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградбата на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота.Покрај ... Настани | Среда, 3 Март 2021 Прочитај повеќе |
Читањето треба да биде забава!![]() На 24.02.2020 година НУУБ „ Св.Климент Охридски“- Битола, во соработка со наставничката по македонски јазик Маја Јанакиевска од О.У. „ Елпида Караманди“- Битола, се започна со промоцијата на наслови на книги кои се на македонски јазик, како дел од проектот „Читањето треба да биде забава!“. Учество во оваа работилница зедоа учениците од 6- б и 6-в одделение, кои преку онлајн презентација имаа можност да се запознаат во кратки црти со работата на нашата библиотека и со фондот на книги со кои таа располага. Низ интересна дискусија и ние имавме можност да дознаеме што сакаат тие да читаат и што нив најмногу ... Настани | Среда, 3 Март 2021 Прочитај повеќе |
Одбележување на 26 Февруари - Интернационалниот ден на бајките![]() Денес, по повод Интернационалниот ден на бајките, партнерите од конзорциумот кои работат на проектот „Sasas Jekhvar Jekh- Си беше еднаш…“ одржаа состанок. Претставници од секоја држава партнер читаа бајки, па така имавме можност да слушнеме бајки од Турција, Грција, Бугарија, Романија, Германија и се разбира од нашата држава. Претставникот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, Јелена Петровска, прочита македонска бајка насловена како „Волшебниот прстен“. Средбата беше онлајн и претставува одлична можност да се слушнат бајки од различни држави и да се ужива во нив. Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.Commemoration of 26 February - The ... Настани | Петок, 26 Февруари 2021 Прочитај повеќе |
Состанок во рамки на проектот "Sasas Jekhvar Jekh - Си беше еднаш![]() На ден 15.02.2021 година се одржа онлајн состанок во рамки на проектот "Sasas Jekhvar Jekh - Си беше еднаш..." со сите транснационални партнери. Партнерите ги презентираа своите активности кои беа спроведени во проектот, во текот на последните месеци. На крајот од состанокот се договоривме за одбележување на 26 Февруари - Интернационалниот ден на бајките. Сите партнери ќе читаат бајки од нивната земја, а претставникот од битолската библиотека ќе презентира македонска бајка. Настанот ќе биде онлајн.Состанокот е во рамки на проектот "Sasas Jekhvar Jekh - Си беше еднаш..." кој е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.On the 15 February ... Настани | Петок, 26 Февруари 2021 Прочитај повеќе |
Интернационален ден на бајките![]() НУУБ "Св. Климент Охридски" - Битола, како партнер во стратешкото партнертство "Sasas Jekhvar Jekh - Си беше еднаш..." ќе биде дел од денешниот состанок за одбележување на 26 Февруари - Интернационалниот ден на бајките. Сите партнери ќе читаат бајки од нивната земја, а претставникот од битолската библиотека ќе презентира македонска бајка.International Fairy-tales DayNIUL "St. Kliment Ohridski" - Bitola as partner in the strategic partnership "Sasas Jekhvar Jekh - Once upon a time..." will be part of todays meeting for commemoration of 26 February - The International Fairytale Day. All partners will read fairytales from their country, and the Bitola Library ... Настани | Петок, 26 Февруари 2021 Прочитај повеќе |
Објавено од м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделковски Четврток, 25 Февруари 2021 12:22
Почитувани читатели, Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“– Битола за вас денес издвои дел од големиот избор на наслови наменети за читателите од детскиот оддел. Овој оддел располага со голем број на наслови покрај лектирните изданија. Затоа за сите љубители на добрата книга ние ги издвоивме следниве наслови:
1. Еднаш и тогаш- Морис Грицман- Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот барем еднаш и тогаш... со малку надеж може да се стигне многу далеку....
2. Капетанот Торнадо- Миливај Матошец- Морето е сино, како и небото....Стариот морски волк не им верува многу на луѓето од копното. Ниту на возрасните, ниту на децата....
3. Магично дрво- Анджеј Малешка- Неверојатни авантури, опасности и магии...мост на светлина и големо цунами...
4. Кралот на Каторен- Јан Терлоу-Шесмина алчни министри ја презедоа власта со изговор дека го бараат новиот крал, но ништо од тоа- цели седумдесет години. Тогаш однедадеж, пред портите на кралската палата се појави едно момче....
5. Изброј ги ѕвездите- Лоис Лаури- ...Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витезите што убиваат змејови во приказните што и ги раскажуваше на помалата сестра, Кристи...
6. Џорџ и големиот прскот- Луси и Стивен Хокинг- Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?
7. Јавачот на божилак – Горјан Петревски
8. Супер вештерката, мачката и шесте волшебни колачиња- Билјана С. Црвенковска- едно неверојатно девојче кое не сака да си го откие името.. една исто толку неверојатна мачка....
9. Ученикот на ренџерот – Пустошит на Горлан- Џон Фланаган
10. 110 улици- Малгожата Гутовска- Адамчик-Грајево е токму гратчето кое има 110 улици ...
11. Педи Кларк Ха Ха Ха- Роди Дојл- ..приказна раскажана од гледна точка на едно десетгодишно момче..
12. Големата церемонија- Маура Налини- во кралската академија започнува Церемонија за доделување волшебни миленичиња..
13. Чудесната светлина- Тери Прачет- дедека се движи кон, се чини, неизбежен судир со злокобната црвена ѕвезда...
14. Мачки детективи- Кој го украде знатниот мачор?- Александро Гати и Давиде Моносиното- тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка..интуиција!...
15. Принцезата Кети и сребреното пони- Вивијен Френч
16. Кони и љубовното писмо- Јулија Боеме
17. Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак- Су Монгредин
18. Ловец на глуварќиња- Весна Алексиќ- Маша на се плаши од ништо- ниту од мрак, ниту од бура,,,
19. Пронајдок за Техна- Реџина Бици
20. Петнаесет турски приказни- Аднан Бинјазар- сказните се многу важен културен извор...
Ве очекуваме!
Последно освежено на Среда, 03 Март 2021 09:18 Објавено од м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделковски Четврток, 25 Февруари 2021 11:31
Почитувани читатели,
НУУБ „Св. Климент Охридски “– Битола, на огромно задоволство ги прогласи следниве кандидати како најкреативни и добитници на наградата едногодишна бесплатна членарина за фотографија на конкурсот
„Направи Selfie со твојата омилена книга “
1. Диана Лазаревска
2. Белинда Сипкоска
3. Билјана Андоновска
4. Гордана Угиновска
5. Билјана Лазаровска
Добитниците можат својата награда да ја добијат при зачленувањето или при продолжување на членството на шалтер за издавање на книги, секој работен ден од 7:00 до 20:00.
А на сите останати и на добитниците им благодариме на учеството и се надеваме дека и натаму ќе ги пратат сите наши активности и ќе земат активно учество во истите.
Последно освежено на Среда, 03 Март 2021 09:20 Објавено од м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделковски Среда, 10 Февруари 2021 13:50
НУУБ „ Св.Климент Охридски“- Битола се со цел да им го доближи големиот фонт на книги од детскиот оддел до сите љубители на читањето, започнува со нов проект
„Читањето треба да биде забава!“
Во соработка со наставниците кои предаваат македонски, германски, англиски и албански јазик од повеќе училишта од Битола, преку онлајн презентации учениците ќе имаат можност да се запознаат со книгите со кои располага нашата библиотека.
Наша цел е да ги мотивираме децата повеќе да читаат и да фантазираат. Дружењето со книгата ништо не може да го замени.
Координатор на проектот
библиотекар
м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковски
Љубовта е Уште немам сретнато Чувај се од лутината на Страстите не се лечат со Срцето секогаш го мами Среќата е како на пазар; Честа е надворешна Некој е сиромав заради Тој што ја сака работата, Да се биде природен, Никој не е сосема Оној што се одмаздува Нема поголема несреќа Оној што знае да ласка Никој не може да знае Сиот наш живот се Жената треба да го чува Бидејки си роден како Дарежливоста се состои Со тоа што добрината ја Со растежот на На почетокот гревот во Времето ги зацелува |