English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Промоција на on line сликовницата „Среќен роденден“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 4.12.2019 година се промовираше on line публикацијата „Среќен роденден“. Публикацијата е заеднички проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и издавачката куќа Едука Мак. Оnline сликовницата „Среќен роденден“ е од авторката м-р Ели Маказлиева. На присутните им се обратија м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и авторката Ели Маказлиева. Следеше драмизација на децата од градинката „Снегулка“ - Битола. Сликовницата содржи разновидни забавни факти за родендените, прекрасни илустрации што се верен придружник на секој расказ.

Читај повеќе: Промоција на on line сликовницата „Среќен роденден“

 

„Млади поетски перформанси 2019“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Веќе три години, Библиотеката со голем ентузијазам започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години. Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објават во збирка поезија со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја.

Читај повеќе: „Млади поетски перформанси 2019“

   

Tрибина на тема „Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство?

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 03.12.2019 година се одржа трибина на тема „Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство? Улогата на различните општествени актери во превенцијата на насилството врз жените и девојчињата?“. Трибината е во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започна од 25.11.2019 година и трае до 10.12.2019 година (Меѓународниот ден на човековите права) Трибината ја организираа Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Правниот факултет, Општина Битола, „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница.

Читај повеќе: Tрибина на тема „Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство?

   

Страница 1 од 239

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер