English French German Macedonian

„Жива библиотека“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Настанот се одржа на 22-ри Август 2017 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој траеше два часа и беше наменет за младите кои се и сакаат да бидат активни во локалната заедница. Овој настан е дел од програмата на Бит Фест имплементиран од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Цел на настанот беше да се мотивираат младите да земат поактивно учество во своето место, преку „читање“ / слушање на искуствата од оние кои веќе тоа го сториле. Преку оваа активност се остварија и задачите: - Да научат за методот на жива библиотека и нејзино применување
- Мотивирање на младите
- Активно слушање
- Споделување лични искуства
На обуката учествуваа 16 млади и сите активно учествуваа во целиот процес на остварување на активноста. Сите учесници имаа можност да бидат книги и читатели, со што на крајот се разви дискусија, за тоа во која ситуација им беше подобро, дали при поставување/одговарање на прашања се чуствуваа покомотно и како оваа активност влијаеше врз нив и нивната мотивација за понатамошно активно учество, а посебно во делот на развивање на идеите, препораките и советите од читателите.
Програмата беше поделена во 2 часа, со 3 сесии по половина час и 2 сесии по 15 минути.
Во рамките на оваа активност беа опфатени следните теми:
- Што е жива библиотека
- Примена на жива библиотека
- Споделување на искуства / учесниците имаа улога на книга
- Слушање на искуствата / учесниците имаа улога на читатели
- Споделување на идни идеи / книги - Препораки за остварување на идеите / книги и читатели - Дебрифинг на настанот и препораки за подобрување
Методот на жива библиотека е позитивен начин на разговор, за разбивање на стереотипите и предрасудите преку дијалог. Живата библиотека е место каде реални луѓе/книги се изнајмуваат од читатели. Книгите во живата библиотека се оние учесници кои имаат искуство кое би сакале да го споделат со останатите, на начин кој е интимен и се врши само помеѓу него и читателот. Читателот е оној кој ја „чита“ / слуша книгата, се запознава со интересни факти преку приказната на книгата. Дијалогот може да заврше со прашања од страна на чиатетлот. Живата Библиотека е место каде се очекуваат комплицирани прашања и се ценат искрените одговори.

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер