Најавување

English French German Macedonian

Одбележување на меѓународниот ден на писменоста

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ  НА МЕЃУНАРОДНИОТ  ДЕН НА ПИСМЕНОСТА
Оваа година, Меѓународниот ден на писменоста (8 септември) ќе се прослави низ целиот свет под темата "Писменост во дигиталниот свет".
Следејќи ги светските трендови  во библиотечната дејност, кон оваа глобална акција се вклучува и Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола со бесплатно зачленување во библиотеката на сите деца запишани во прво одделение од основните училишта во Битола и промовирање на електронски читачи на книги.

Акцијата започнува од денеска 06.09.2017 и ќе трае до 31.10.2017 година со приложување на ученичка легитимација или ученичка книшка.   
На 8 септември 2017 година во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се одржи глобален настан со цел да се разгледа каков вид вештини за описменување треба да се развијат кај луѓето за нивно подобро прилагодување во дигитално-посредуваните општества и да се истражат ефективните политики и програми за описменување во согласност со можностите што ги овозможува дигиталниот свет.
Дигиталните технологии, вклучувајќи го и интернетот, мобилните телефони и сите други алатки за управување со информации , фундаментално го менуваат начинот на кој луѓето живеат и работат, учат и се дружат. Тие им даваат нови можности на луѓето за подобрување на сите области од нивниот живот, вклучувајќи ги пристапот до информации; управување со знаење; вмрежување; социјални услуги; индустриско производство и начинот на работа. Трансформацијата има и позитивни и негативни страни.
За многумина, дигиталните технологии обезбедуваат подобар пристап до информации и знаење, и истовремено им се олеснува користењето на добиените информации.  Дигиталните технологии, овозможуваат голем број на услуги - вклучувајќи ги административните, образовните, здравствените и земјоделските услуги - да бидат извршени на подостапен и поефикасен начин.



 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер