English French German Macedonian

Учество на битолската библиотека на ИФЛА 2017

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

М-р Јелена Петровска - директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваше на 83-от конгрес на Меѓународната асоцијација на библиотеки и институции (IFLA) кој од 19-25 август 2017 година се одржа во градот Вроцлав - Република Полска.
Извонредно организиран и поддржан од Националниот комитет на Полска, конгресот беше отворен во прекрасниот амбиент на стогодишната сала со настап на уметниците од Вроцлав кои со мултимедијален пристап ја прикажаа историјата на Вроцлав

 

Од спектакуларното отворање кое што наликуваше на вистинска „олимпијада„ на библиотекарите учесници и земји од сите континенти, па се до дискусијата и гласањето во врска со Глобална визија на ИФЛА каде учествуваа речиси 360 луѓе со право на глас - ИФЛА ги исполни очекувањата.
Библиотекарите и библиотечни професионалци од цел свет го кажаа своето мислење за можните правци, решенија, користење на јазиците, проток на идеи и обединување за заедничко делување и претставување на библиотеките како центри и влијателни институции во заедницата.
Над 3000 делегати од 122 земји имаа можност да разменат искуства, да презентираат успешни проекти, да дознаат за новите технологии и решенија.
Тоа што сигурно останува како трајна вредност се бројните контакти и пријателства, можноста заеднички да работат на проекти, размена на луѓе и идеи во создавањето успешна приказна во својата средина.
Следната Конференција на ИФЛА ќе се одржи во Куала Лумпур - Малезија. Повеќе информации на следниот facebook линк

https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10155726507583679

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер