English French German Macedonian

Во Битола одбележан Европскиот ден на јазиците

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со здружението за македонско-германско пријателство Битола организираа презентација и работилница по повод „Денот на европските јазици“- 26.09.2018 година. Денешната работилница што се одржа во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола го поттикна интересот кај учениците за изучување на што е можно повеќе јазици зашто на тој начин светот станува заеднички без јазички бариери.

На штандови наставници по англиски, германски и француски јазик им презентираа на ученици од ОУ „Гоце Делчев“-Битола како на наједноствен начин се изучува странскиот јазик. Наставниците- презентери беа од повеќе училишта од општините Битола и Могила. На штандовите на учениците им се овозможи преку интеракција да ги поврзат знаењата на англискиот јазик со францускиот и германскиот јазик. Поврзување на слика со збор, а најмногу имаше поврзување со интернационализмите.  Проектот е поддржан од Гете институтот. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156861709833679

22.09.2018

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер