English French German Macedonian

Oтворена изложбата „За изгубениот Сефардски свет од Западен Балкан“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во битолската библиотека на ден 04.10.2018 година, беше отворена изложбата „За изгубениот Сефардски свет од Западен Балкан“ која е посветена на сефардските заедници кои за време на Втората светска војна беа целосно уништени. А токму во Битола беше една од најголемите еврејски заедници, рече директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио. Целта на изложбата е да се развијат едукативни програми со кои ќе се зачуваат спомените за Евреите.

 

-Во самата изложба имаме дел кој е посветен на двајца Евреи од Битола, Бено Русо, единствениот македонски Евреин – генерал и неговата сопруга Роза Камхи, чиј што чичко е еден од револуционерите за време на Илинденското востание. Исто така сакаме на младите генерации да им покажеме како да го зачуваат споменот на еврејска битола, да го сочуваат споменот на она што веќе го нема, за во иднина да не се повторуваат негативни појави кои можат да донесат геноцидни појави, дискриминација и лоши работи во општеството, рече Садикарио.
Изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“е заеднички проект на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центропа – Институт за истражување и документирање на еврејската историја од Централна и Источна Европа и Балканот со седиште во Виена, Австрија.
-Целта е да се зачува меморијата, со тоа што не само што се документирани материјалите, туку исто така потоа и се пренесуваат преку изработка изложби, како што е оваа, изработка на мултимедијални филмови. Пристапот на Центропа при истражување и прикажување на историјата на Евреите е малку поразличен, бидејќи сака да ја приближи историјата повеќе на јавноста, го прикажува животот на Евреите, не само за тоа како биле убиени за време на Холокаустот, туку како живееле, традицијата, религијата и за тоа како Евреите ги закрепнале своите заедници после Втората светска војна, истакна Даниела Штерјoва, национален координатор на Центропа. Изложбата ќе биде отворена наредните десетина дена во битолската библиотека, а се очекува да ја посетат поголем број на посетители-вљубеници во историјата, но и да се реализираат наставни часови од професори и наставници по историја, етика, граѓанско образование и македонски јазик со ученици од нашиот град.
-Битола е најавтентичното место каде што се презентираат тие приказни за време на холокаустото и се надевам дека ќе има голема посетеност, бидејќи овој месец ги започнуваме активностите за месецот на книгата, и меѓународниот месец на училишните библиотеки, истакна Бојан Стефановски, директор на библиотеката „Свети Климент Охридски“ во Битола.
Пригодна програма подготвија учениците од ОУ,,Стив Наумов“-Битола под менторство на наставничката Магдалена Сајкова-наставник по македонски јазик и домаќин на изложбата и тоа:
настап со виолина ;
танцова точка
и наративен приказ-раскажување приказни од ученици од деветто одделение.
Изложбата ќе биде отворена наредните десетина дена во битолската библиотека, а се очекува да ја посетат поголем број на посетители-вљубеници во историјата, но и да се реализираат наставни часови од професори и наставници по историја, етика, граѓанско образование и македонски јазик со ученици од нашиот град.
По завршувањето изложбата продолжува по други градови низ Македонија. Повеќе фотографии следат на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156888826948679

Текстот е превземен од www.setaliste.mk

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер