English French German Macedonian

ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ - ХОЛАНДИЈА

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ -  ХОЛАНДИЈА

Проектот беше реализиран во Холандија во период од 10-14.12. 2018, со посета на повеќе библиотеки во градот Леуварден (Leeuwarden). По претходниот договор беше посетена библиотеката Тресор (Tresoar) - библиотека и архив на градот Леуварден, со повеќе часовна посета на нејзините оддели. На работната средба со одговорни лица и вработените во библиотеката беше направена презентација на активностите на нашата библиотека и нејзината WEB страна, како и содржини од Дигитална библиотека.

 

Барајќи ги своите семејни корени членовите на библиотеката користат разновидни извори за истражување: стари книги и документи од архивот, микрофилмови, достапни податоци на интернет и други извори со кои не запозна стручното лице на библиотеката. Во Одделот за конзервација на стари ракописи беше презентирана збирка на атласи од регионалната флора и фауна од осумнаесеттиот век, кои се достапни на интернет, а голем дел чекаат на нивната дигитализација која е побарана од Google. Библиотеката има многу инспиративен простор за корисниците со инсталации кои се дел од изложбите во Леуварден – Европска престолнина на култура 2018. Одделот за архива е интерактивен простор за истражување на историја и јазикот на покраина Фризија, како и просторија – кино со богата збирка на стари филмови. На следниот линк може да се видат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157091106343679

Како дел од проектот беше посетена и ДБИБ (DBIEB) Јавна библиотека во Леувaрден. Библиотеката е сместена во историскaта зграда на бившиот затвор од 1874. год. , кој е функционално прилагоден кон потребите на современото библиотечно работење, а во исто време е зачувана автентичноста на зградата. Библиотеката ја сочинуваат оддели за возрасни корисници, за млади и деца под 12 години.
Инспиративен беше просторот за деца со бројни иновативни решенија и активности, работилници за истражувачка работа, книги и разновидни помагала за нивната едукација. Библиотеката е спој на традиционалните услуги и современо решени концепти за позајмување на библиотечниот материјал. Членовите на библиотеката имаат можност да ги користат читалните за групна и индивидуална работа. Како посебен дел од библиотеката е и просторот наменет за потребите на студенти (кино сала, читални, изложбени простори, простор за дружење и т.н.).
На следниот лин следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157091124293679

Универзитетскиот кампус NHL Stenden е составен од 14 факултети со многу разновидни програми за студирање и Библиотека. На Универзитетот студираат повеќе од 25.000 студенти. Библиотеката е составена од стар и нов дел, функционално поврзани во една целина. Во стариот дел се простори со книги и разновидни работни единици за истражување на студентите. Иновативни решенија на интерактивни места за учење вклучуваат работа на компјутери додека во исто време се користи и статичен точак. Програми за талентирани студенти и програми за гејмификација во библиотечното работење се мошне популарни како нови едукативни методи за поддршка на наставата.
Уживајте на следниот линк со повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157091144088679
Библиотеките во Холандија се единствени во креирање на иновативни програми со различен тип и возраста на библиотечните корисници, начинот на организациска поставеност на библиотеките, воведување на нови содржини наменети за наставно-научен кадар и студенти, како и во функционално користење на библиотечниот простор.


Извештајот го подготвиле:
М-р Јелена Петровска, библиотекар советник
М-р Марија Малгожата Мачковска, библиотекар советник
Лидија Мирчевска , виш библиотекар
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “ - Битола

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер