English French German Macedonian

„Млади поетски перформанси 2019“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 7-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години. Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објави со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја. Проектот опфаќа конкурс за доставување на поетски творби, кој ќе биде распишан од 09.05.2019 – 10.06.2019 година. Секој учесник има право да учествува со една поетска творба на слободна тема, напишани во формат times new roman, со македонска поддршка, со големина 12. Во творбите да стојат име и презиме, возраст, адреса, училиште, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор) Литературните творби треба да се достават на маилот: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака – за награден конкурс. Резултатите ќе бидат објавени при крајот на месец јуни, на нашата web страна: www.nuub.mk и на facebook профилот: НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Најдобрите, најквалитетните творби ќе бидат објавени во заедничката збирка на поезија и ќе бидат промовирани во просторите на Библиотеката на датум кој дополнително ќе се определи. Пријатен ден, Координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска 070 699 743 Соработник на проектот Илче Стојановски 075 869 078 при НУУБ „Св.Климент и Охридски“ – Битола

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер