English French German Macedonian

Библиотеката ја продолжува соработката со Универзитетска библиотека на Стенден Универзитетот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 27.05.2019 година во просториите на  библиотеката НУУБ “Св. Климент Охридски”  - Битола се одржа работна средба со библиотекари од Универзитетската библиотека на Стенден Универзитетот (NHL Stenden University of Applied Sciences) од Леуварден (Leeuwarden) од  Холандија.
Посетата на библиотекарите претставува продолжување на соработката меѓу двете институции,  која започна да се реализира уште во 2018 година, проект кој беше поддржан од Министерството за култура.
Библиотекарите од Холандија – раководителот Роналд Вијња (Ronald Wijnia), Маргриет ван дер Гиесен (Margriet van der Giessen ) и Симон Лендерс (Simone Leenders) – имаа работна средба со директорот на библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Битола  м-р Бојан Стефановски и стручни лица на библиотеката, разговараа за функционирањето, стратегијата и визијата на нашата институција.

Во текот на средбата се разменија искуства,  се разговараше  за отворени образовни ресурси (open access сервиси), за  обуки на студенти и усовршување на стручниот кадар.
Посетени беа повеќе оддели во Библиотеката, се водеа разговори за стручната работа, во одделите Стручна обработка на монографски публикации и Одделот библиографии -демонстрирана беше COBISS програмата за обработка на библиотечен фонд.
Остварена беше  и работна посета на Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Во текот на работната средба со одговорните лица се водеа разговори во врска со соработката и можностите за поднесување на проекти,  размена на студенти и размена на искуства.
Се одржа исто така и работна средба со директорката на Завод и Музеј во Битола  д-р Мери Стојанова, на која се  разговараше за  можностите за соработка во повеќе области.
Во текот на престојот  на библиотекарите ќе се остварат  работни средби и со другите библиотеки во регионот, каде ќе се водат разговори за библиотечната дејност.
Библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Битола ја  продолжува соработка со Универзитетска библиотека од Леуварден – Холандија. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157463773788679&__xts__%5B0%5D=68.ARASNNqquew_Th8CUacG10ZBaapkN990VMTgPEZzEAVzYajs220cOWoPnfFCbbX3bCowf0GZyOwpq1pM9TdTi0-uJaCalMObqju8gGeSfN9QV4dZ7ULGRqhMLJoXdEuxDdDaRkcbD7eKuzkiC9hYlUMPmi6vMcTmf40hSt9_wnUPrxB98JzYydvvtX06Qgen0SQ9L901sNhQyS0yZ7lvY5z4Xv9BGgeCsC176Wo9X0aHVubHxYltQ7qYDrL5zjdIruv1Ym7qdXyp2EoyGMWvnaYT2dZCSgn1EgsJdXlAkEXlQha18G48W3NWeq01L_yEri9uLmhGhDXsbiYfyFAghZl599pfzW_nLUvUmOvj8e5gJUFgA5dkS0Z8FiBjXKam-GyzHSdn-ffoGjm-xIdYNqrnliURX3hMuApr-yTN4Kzy6eQVdwHFqPoLuKTEGKhOMC_IbBv9l7y5lGQnukLymO64VI9wRpF-klaJVolchGkgaMBU2SrgVtazpA&__tn__=-U-R

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер