English French German Macedonian

ПРЕДЛОЖИ КНИГА – СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА СВОЈА КНИГА!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани читатели,
Ви испраќаме голема   благодарност што сите овие години сте дел од нашиот литературен свет. Мали, големи, расположени, добронамерни и нетрпеливи, лути и разбирливи, Вие сте нашите читатели што не мотивирате и поттикнувате -  Вие наши најдраги членови.
Библиотеката веќе неколку години работи на програмите кои се дел од потребите на заедницата. Библиотечните активности ги насочуваме кон  воведување на секојдневието во библиотеката со цел ние да станеме дел од  Вашиот живот. Во таа постојана интеракција со многу различни партнери и соработници ја креираме културната политика, а пред се љубов кон читањето.
Ние работиме по систем на додадена вредност, кога има се тогаш има и целина. Затоа нашата библиотека е отворена кон сите видови соработка.
Планирање на набавната политика на новите наслови во библиотеката е само еден од можните канали за доближување на библиотекарите и читателите. 
Затоа Ви предлагаме:
„Давајте ни предлози за книги кои саката да ги читате, за стручна литература која ви е потребна, литература која се однесува на корисни совети за домаќинство,  начини на одгледување на билки, запознавање со некои нови вештини, корисно поминато слободно време и уште многу,  многу различни содржини.
За да ја пронајдеме КНИГАТА ЗА СЕКОЈ ЧИТАТЕЛ користете го правото на изборот и  не заборавајте да го контактирате вашиот омилен библиотекар. Не заборавете дека без добра книга не можете да ги поминете летните денови.
Ве очекуваме!
Поздрав од Битола,
Со почит,
Вашите библиотекари

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер