English French German Macedonian

Јавна интерактивна трибина на тема „Борба против дезинформациите“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

ВНИМАНИЕ!!! ВНИМАНИЕ!!! На ден 19.09.2019 година во просториите на библиотеката се одржа јавна интерактивна трибина на тема: Борба против дезинформациите! Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски” - Битола се организатори на овој настан, а на истиот учество учествуваа: Жанета Здравковска - новинар и регионален координатор на ЗНМ; Стево Башуровски - главен и одговорен уредник на ТЕРА телевизија; Д-р Божидар Миленковски - професор на ФИКТ; М-р Фатма Бајрам Аземовска - НУУБ „Св. Климент Охридски” - Битола. Модератор на настанот беше Мартин Николовски, студент на насока новинарство на Факултетот за комуникации при Хаџи Бајрам Вели Универзитетот од Анкара, Р.Турција.  Додека од една страна рапидниот раст на интернетот и на дигиталните медиуми го зголемија количеството на расположливи и достапни информации, а со тоа и можностите за информираност и знаење на граѓаните, од друга страна, „морето“ информации во дигиталното опкружување, донесе други предизвици и несакани феномени, како на пример, можности за креирање лажни и манипулативни вести, пропаганда, спинување на информации и слично. Секојдневното “бомбардирање” со сите видови и нивоа на дезинформации води до ситуација повеќе да не се верува ни во точните информации, а од старт присутна е не само резерва, туку и потполно неверување. Борбата за точни информации, а против сите облици на дезинформации претставува воедно и борба за клучните демократски достигнувања, а разоткривањето на дезинформациите е од витално значење за опстанокот на секој систем, па и нашата земја. Текстот го напиша Маја Богоевска. Повеќе информации следат https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157741476338679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер