English French German Macedonian

Одбележување на Меѓународниот ден на мирот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола беше дел од настанот во организација на Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" кои традиционално по 8-ми пат го одбележуваа Меѓународниот ден на мирот под мотото: "Активно учествувај и создавај мирољубива клима",  приклучувајќи се на сите мирољубиви  луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.

Настанот  се одржа на ден  21.09.2019 година на Градскиот Плоштад Магнолија на кој беше  испратена порака за мир, порака за крај на насилството и војни во светот кои ја уништуваат планетата Земја и сите живи суштества што живеат во неа, порака за соживот, среќа и мир преку цртежи, рецитали, песни за мирот, танцување и диџеј.

Соработници и поддржувачи на активностите организирани од Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" беа:  ОУ "Елпида Караманди" , ОУ "Стив Наумов" , ОУ "Даме Груев" , ОО на Сојуз на Борци, "Сумнал“ - здружение за развој на Ромската заедница, Сидо, Државно Музичко Училиште, Танцов Клуб Експоуз, Диџеј Петар Лимон. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157756274323679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер