English French German Macedonian

ДА ЗБОРУВАМЕ ЕВРОПСКИ! Let’s speak European!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Aко разговарате со човек на јазик што го разбира, тоа оди во неговата глава. Ако му зборувате на неговиот јазик, тоа му оди во срцето.“ (Нелсон Мендела) Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со училиштето за странски јазици „ Rosetta Stone“, Француската Алијанса Битола, ОУ „Гоце Делчев“ – Битола и „Сумнал“ – здружение за развој на ромската заедница заеднички го одбележа Европскиот ден на јазиците со повеќе содржини кои го илустрираат значење на учење на јазици, промовирање на толеранција и соживот и развивање на социјална инклузија на младата генерација.

Издавачката куќа Топер по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците и донира на битолската библиотека над 100 најнови изданија на најмалите читатели кои беа изложени во холот на библиотеката. Настанот се одржa денеска (26.09.2019 година) во просториите на Библиотеката. Европскиот ден на јазиците се слави секоја година на 26 септември. Европскиот ден на јазиците првпат беше официјално славен во 2002 година, по успехот на Европската година на јазиците во 2001 година.

Денот го организира заеднички Европската унија и Советот на Европа. Европа ја има таа среќа да ужива во богата разновидност на јазик и култури со 200 европски јазици, 24 официјални јазици на ЕУ и околу 60 регионални или малцински јазици. Овие бројки не вклучуваат јазици што ги зборуваат луѓе од друго место во светот кои мигрирале во рамките на ЕУ што уште повеќе ја збогатува различноста на јазиците.

Целта на Европскиот ден на јазикот е одбележување на културната и јазичната разновидност во Европа и поттикнување и промовирање на учењето на повеќе јазици.

Целите на Европскиот ден на јазиците вклучуваат:

• Славење на различноста на јазиците и културите во Европа.

• Поттикнување на учење јазиците за сите возрасти.

• Промовирање на интеркултурно разбирање.

• Збогатување на опсегот на научените јазици.

Европскиот ден на јазиците се слави низ цела Европа со низа настани, вклучувајќи работилници, конференции, културни размени, активности за деца и возрасни и популаризација на различити медиуми. Повеќе фотографии следат на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157768921593679&__xts__%5B0%5D=68.ARDqlyx4-91KnxpJ_JPxFlGR5_w9dUd_sXhMEwzovYzwTospOwkO65GjiMGHslRwDwXKKzfUVtMsNgaX888ZUBWLr6xxNpndzAVsKNLlwz53cu9sXqo3vtFUUXdTLLCGZQYusHsgg23BIfNyw2-swtXia8dKfZekLMJKLRGHRlB9XmOSGufxefy6GAwyp4xQNfN-fvdr1dAvrIcahYEVioUplncF8yRgBOBPgYRrlWpdf__cw1YjhJMXYMlfnx3Ul8yuoBlzyk8ke-QrtuOHeC9ntmoSfnhUyQa-LgceVlSPnKH5TN9Kp6mWsF5x1f9l--VDOOR5tdL0DvzE9zLW_7M7NTrAcq-1_r40vHGsigMqbiCtnNMOA6aq8cPnfBRwsOLCfh5d3erKOV6s8AaNfLftSX2hUNdFMftkiZnMfcZ33GQBXm--pk4x6D0hEX_rhQ&__tn__=-UC-R

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер