English French German Macedonian

Салата претесна да ги прими сите на промоцијата на романот “Сестра Касијана“ од Добре Тодоровски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Веднаш по излегувањето од печат на најновиот роман “Сестра Касијана“ чиј автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски, во Битола, во новата сала за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски“ се одржа и промоцијата на оваа книга. Салата беше премала да ги прими сите оние кои сакаат да бидат дел од промоцијата на оваа нова книга. Ретки се приликите кога толку многу луѓе се присутни на вакви културни настани, а дел и не влегоа во салата, туку ја следеа од холот на библиотеката.Присутните ги поздрави директорот на НУ УБ “Св. Климент Охридски“, м-р Бојан Стефановски, а за книгата зборуваа промоторите: Билјана Т. Димко, Радован П. Цветковски и Панде Манојлов. Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири. -Преку оваа книга направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски. Книгата е во издание на книгоиздавачката куќа “Матица“ од Скопје. Настанот се одржа на ден 20.11.2019 година. Уживајте во гледањето на сликите на следниот линк  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157941593378679&__xts__%5B0%5D=68.ARB_oAHiSfchMndFmWFrBA-HThH47D06zbje_yAjbS_fVxwREOPJ-S80CV9NexsUBe3SJ4BcZ9nNdsZLX6e-6KrAgKLkz_hZSPQ5JpZ7rLDVELJYHdFnp5VqLeYkN8UG51-4ajfcyXBb-pwwohWJydwa4DaAYzAdhIx245RGN94Ixaoeq-cZ8QX2VZTGvXzuhGu8KVFCcxjvVDBgoMdNlbbHjHwJVE-0qbo9w9J_VVX3oe-O0Fw5dAw9s_Q69kHeMrRgyemC8NuQB9Ps0PBwE7okvrKl-rDGU2VPpNUd9prlnP4kmRSeQVnZrP7st11NjznPSuijaamPdpNdwoxrHZn4EMSu6oNWj6bX9XFzDiqYrQxrxi1RjF9fBfjId_otVxdF1AGwV4BMpEidgvSa5dykvKdzUQvQKUp5k_TJPOAen88mvEQ_Lvf8tu7bzI4JU9emsvs&__tn__=-UC-R

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер