English French German Macedonian

Tрибина на тема „Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство?

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 03.12.2019 година се одржа трибина на тема „Дали можеш да го препознаеш родовото базирано насилство? Улогата на различните општествени актери во превенцијата на насилството врз жените и девојчињата?“. Трибината е во рамки на кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започна од 25.11.2019 година и трае до 10.12.2019 година (Меѓународниот ден на човековите права) Трибината ја организираа Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Правниот факултет, Општина Битола, „Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница.

Сите ние сме дел од од кампањата „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“ Во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба на книги со содржини за семејно и родово насилство. Во делот на дискусијата учество зедоа професори од Правниот факултет - вонреден професор Ангелина Станојоска на тема „Родово базирано насилство“, - Ивона Сушшак - асистен докторант на Правен факулет - Битола на тема „Типови на жртви на родово базирано насилство“, - заменик градоначалничката Емилија Костурска на тема „Улогата на комисијата за социјална заштита“ - Бети Бошкова, претставници од Министерството за внатрешни работи (СВР Битола) на тема „Надлежности на полицијата кога имааат жртва на семејно насилство“ - Наташа Ѓорѓевска од ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа - Битола - „Надлежности на центарот во однос на жртва на семејно насилство“ м-р Фатма Бајрам Аземовска на тема „Споделување на искуства со жртви на семејно насилство“ - Јешим Сејфуловска - директорка на Центар за вработување – Битола на тема „Програми за економско зајакнување на жртви на семејно насилство“. На крајот следеше интересна дискусија. “Насилството врз жените и девојчињата е насилство врз целото човештво и за тоа не треба да има место во Европа или на друго место во светот. И покрај нашата посветеност, сепак сме далеку од победа над овој предизвик. Насилството врз жените се случува насекаде, нема безбедно место дури ни дома. Напротив. Жените се мета дома, на работно место, во училиштата и универзитетите, на улица, при раселување и миграција и се повеќе преку интернет со компјутерско насилство и говор на омраза. Обемот на проблемот останува алармантен: Една од три жени во Европа е жртва на физичко и / или сексуално насилство. Речиси сите жртви на трговија со луѓе заради сексуална експлоатација во рамките на ЕУ се жени и девојчиња. Во земјите во развој, едно од три девојчиња е во брак пред да наполни 18 години. Има најмалку 200 милиони жени и девојчиња кои биле подложени на осакатување на гениталиите кај жените, што си уште се извршува во околу 30 земји. Ние го правиме тоа за нашата иднина и за нашата сегашност затоа што жените се столб на правично, отворено, развиено и демократско општество и ништо не смее да ги лиши од слободата да ја остваруваат својата улога слободно и безбедно “. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157981638018679

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер