English French German Macedonian

Модар накит - Катарина Винклер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Филиз е девојче израснато во мало курдско село во Анадолија. На дванаесет години го запознава неколку години постариот Јунус и се вљубува во него. Сонува за заеднички живот во Западна Европа. Набрзо тајно и без дозвола од родителите се венчава со него, но кратко по венчавката се уриваат нејзините соништа дека ќе носи фармерки и ќе живее среќно во Германија. Наместо фармерки носи бурка, раѓа три деца и доживува физичко и психичко малтретирање од сопругот и од свекрвата. Ниту по мигрирањето во Австрија, животот не ѝ се променува. Дури откако ситуацијата ќе ескалира, на Филиз ѝ успева навидум невозможното: да се ослободи од постојаната тортура во домот. Базиран на вистински настани, овој роман е одраз на една вистинска ситуација преземена од денешнината. Во рамките на оваа потресна приказна за семејното насилство, метафората на „модриот накит“ дејствува впечатливо и моќно.

 

Сподели на Facebook