English French German Macedonian

Живот за живот - Фредрик Бакман

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По што сакате да ве паметат? И што ќе сторите ако имате последна шанса да ги поправите грешките од животот? Подготвени ли сте да ја платите цената? Дури и ако е премногу висока? „Живот за живот“ е длабока и емотивна приказна за тоа што е навистина битно за секого од нас. Зборува за едно храбро девојче што се бори со тешката болест и за еден човек што го достигнал врвот во светот на бизнисот, но поради обврските на кои им дал предност загубил секаков контакт со своето семејство. Бадник е. Човекот неочекувано добива можност да направи нешто исклучително што може да ја промени не само неговата туку и судбината на малото девојче што речиси и не го познава. Со хумор и со сочувство, Бакман нè потсетува дека животот е подарок со ограничен рок на траење, а нам ни останува да одбереме дали и како тој подарок ќе го споделиме со другите.

Сподели на Facebook