English French German Macedonian

Американска прашина - Џенин Каминс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Лидија Перез живее во мексиканскиот град Акапулко, со синот Лука и сопругот кој е новинар. Иако знае дека никогаш нема да се продадат, Лидија во книжарницата што ја води чува некои од своите омилени книги. Еден ден, во продавницата влегува маж и меѓу другите купува и две од тие нејзините книги. Хавиер е шармантен, но излегува дека е шеф на најновиот наркокартел во градот. Откако сопругот на Лидија ќе ја објави својата статија за Хавиер, нивните животи повеќе нема да бидат исти.
Американска прашина е книга исполнета со драма и хуманост на секоја страница. Ретка потрага по судбините на луѓето кои се подготвени да жртвуваат сѐ за малку надеж. Важен глас во дискусијата за имиграцијата и изгубените надежи за подостоинствен живот.

Сподели на Facebook