Најавување

English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Литературен конкурс „Чист воздух за сите“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани,

Ве известуваме дека, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со   ОУ  „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод одбележувањето на Месецот на екологијата, распишуваат Литературен конкурс за лични поетски творби и средба на оратори, на тема: „Чист воздух за сите“

Право на учество имаат сите основни училишта од Битола и тоа:

-       За литературниот конкурс, учество со најмногу 3 поетски творби, односно тројца учесници од четврто до деветто одделение, по избор на соодветна комисија при основното училиште.
-       За ораторската средба, која исто така е на тема „Чист воздух за сите“, учество можат да пријават сите основни училишта од Битола со по еден учесник од шесто до деветто одделение. 
Текстовите можат да бидат по сопствен избор и во обем најмногу до 350 зборови.

Пријавување на учесниците со личните поетски творби и текстовите за ораторство може да се изврши најдоцна до 05.03.2018 година на адреса: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр.39, 7000 Битола, (со назнака за учество на конкурсот „Чист воздух за сите“).

Со пријавата покрај текстовите за учество да се достават и лични податоци за учесниците и менторите, и на е – маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

За терминот на одржување на манифестацијата по овој повод, учесниците ќе бидат благовремено известени.
Телефони за контакт:

Илче Стојановски, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, тел: 047 220 208 и 075 869 078;

Соња Петровска, ОУ  „Св. Климент Охридски“ – Битола, тел: 077 702 136

 

Со едукативна трибина одбележан Светскиот ден на социјалната правда

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со едукативна трибина во орагнизација на Центарот за европски развој и интеграции, Здружението за одржлив развој СФЕРА Македонија- Битола, „Сумнал“-здружение за развој на ромската заедница и Организацијата на жени од Битола, беше одбележан Денот на социјланата правда-20 февруари. Целта на оваа трибина е да се актуелизира потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност 

Читај повеќе: Со едукативна трибина одбележан Светскиот ден на социјалната правда

   

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Во светот се зборуваат над 6000 јазици, а на половината им се заканува исчезнување. Во секоја држава се изучува мајчиниот јазик.  Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша култура е темата на  која се говореше на денешниот настан  во универзитетската библиотека.

Читај повеќе: Во Битола одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

   

Страница 1 од 165

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер