English French German Macedonian

Нови наслови

Сè уште мислам на тебе

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

 

Дали искреноста е секогаш најдобра опција? Сè уште мислам на тебе е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов,страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција. Таш и Рич се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските алпи. Рич се среќава со своите стари пријатели од факултет, а Таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал. Но, Таш ќе добие повеќе информации отколку што очекуваше, ќе дознае тајни од минатото на Рич… Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато?

 

 

Царицата Романова

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

 

Дури и зад престолот може да владее жена.

Приказна раскажана од мајката на Русија, последната Мајка Царица. Историски автентичен роман за животот на Марија Фјодоровна, еден од најзначајните женски ликови во царска Русија, која е сведок на трагичниот крај на царската лоза на Романови.

На, речиси, деветнаесет години, ветриштата на судбината ќе ја однесат Мини во Русија, откако нејзината сестра Аликс станува дел од Англиското кралство, како снаа на Кралицата Викторија. Мини го добива своето православно име Марија Фјодоровна по склучувањето на царскиот брак со еден од Романови. Таа никогаш не заборава која е, но љубовта која ја чувствува кон Русија е, речиси, идентична со мајчинската љубов.

По смртта на нејзиниот сопруг, нејзиниот син Николај го започнува своето владеење, под будното око на неговата сопруга Александра, заслепена од влијанието на Распутин. Незапирливиот бран на Болшевичката револу ција конечно го става крајот на царското владеење со Русија. Така Марија ќе биде сведок на крајот на царска Русија и ќе се соочи со најопасниот предизвик и со најголе мата болка за една мајка, за Мајката Царица.

Приказна за сите предизвици со кои се соочуваат само од Бога избраните да владеат.

 

   

Париз за еден ден

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

 

Број 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на „Јас пред тебе“, „После тебе“ и „Сè уште јас”.

„Париз за еден и други приказни“ е неодолива романтична колекција на раскази исполнета со хумор и напишана од срце.

Нел има дваесет и шест години и никогаш не била во Париз. Таа никогаш не била на романтичен викенд некаде далеку. Таа, всушност, и не сака многу да патува. Но, кога момчето на Нел нема да дојде на нивниот мини-одмор, таа ќе има можност да им докаже на сите, дури и на сама себе, дека не се во право.

Сама во Париз, Нел ќе открие дел од себе за кој никогаш не знаела дека постои – таа е независна и смела.

Дали ова ќе биде највозбудливиот викенд во нејзиниот живот?

Смешно, шармантно и неодоливо…

 

 

Трнлива вистина

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Рејчел и Роуз, сега жени со возрасни деца, конечно се соочуваат со судбината што ги прогонува речиси половина век кога беа заменети во болницата. Она што сега им се заканува може целосно да им го загорчи животот и да ги открие длабоко скриените тајни: престојниот брак на способниот и грижлив син на Роуз и проблематичната ќерка на Рејчел. Уште еднаш двете жени и нивните семејства се спротиставени едни наспроти други.

   

Патриотска закана

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Историјата на Законот за данок на доход стои во 16-тиот амандман во Уставот на САД. Но, една тајна го доведува во прашање овој закон. Сега е ред на Котон Малоун да ја дознае вистината. . .

Малоун, поранешен член на Елитниот разузнавачки оддел, своите пензионерски денови ги поминува како сопственик на книжарница во Данска. Но, се појавува Стефани Нел, која од него бара да ги следи непријателски настроените Севернокорејци, кои имаат тајни досиеја од Министерството за финансии – досиеја што САД можат да ги фрлат на колена.

Мелоун е вовлечен во 24-часовна потера која започнува во каналите на Венеција и завршува во далечните висорамнини на Хрватска.

Со појавата на Френклин Рузвелт, Ендру Мелон, сликата која сѐ уште виси во Националната галерија на уметност и некои сознанија за доларот, истрагата на Малоун, на крајот, ќе го постави прашањето:

Што ако федералниот данок на доход е нелегален?

Сега тој треба да го најде одговорот по секоја цена!

 

Митот за Линколн

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.

Дали митот е мит или вистина? Каков договор има направено Линколн со Мрмоните, а никој не знае? Граѓанска војна, Тајна заедница, Милијарди во злато, тајни карти и договори. Некој ги собира делчињата за да направи бомба која ќе ја уништи Америка како што ја знаеме во мо- ментов. Една тајна криена со векови ќе излезе како закана да сруши сѐ што знаеме како трајно спознание.

Магионичарот – писателот Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Овој роман сам ги врти страниците. Исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување. Ликовите се исправени пред невозможни одлуки, одлуки кои значат живот или смрт.

   

Страница 6 од 31

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер