English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Австрија чита

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Почитувани, во рамките на месецот на книгата, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со Австриската библиотека Ве покануваат на следните настани:
- вторник на 29.10.2019 во 16.30 часот се организира работилница за Австриската писателка Мира Лобе, со ученици од 6. - 9. одделение од ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Тодор Анѓелевски“ од Битола.
- среда на 30.10.2019 во 17.00 часот се организира работилница за Австриската писателка Кристине Нестлингер со ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ - Битола.

Читај повеќе: Австрија чита

 

Промоција на книгата „Сестра Касијана“ - Добре Тодоровски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во издание на книгоиздавачката куќа ,,Матица“-Скопје, од печат излезе најновиот роман „Сестра Касијана“ чиј  автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски.
Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири.
Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.
Промотори na книгата се: Билјана Т. Димко, Радован П.Цветковски И Панде Манојлов. Ве очекуваме на 20 ноември 2019 година, во просториите на Библиотеката.

 

   

Работилница на тема „Дали младите можат да го променат светот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 24 октомври, 2019 година, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работилница на тема „Дали младите можат да го променат светот“. Работилницата ја одржа волонтерот од Шпанија, Хуан Хесус Прадо Родригез.
Тој е дел од ЕВС проектот „Кажи ДА за промена“ финансиран од Еразмус програмата кој го спроведува Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.
На работилницата беа присутни повеќе од 100 заинтересирани ученици и средношколци, како и млади и возразни.
За да се одговори на прашањето од насловот, Хуан зеде за пример четири млади луѓе кои преку своите иницијативи, протести и движења успеале да направат промена во Европа и во светот.

Читај повеќе: Работилница на тема „Дали младите можат да го променат светот“

   

Страница 6 од 239

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер