English French German Macedonian

Настани

подготвува Фатма Бајрам Аземовска

Изложба „Нашите 365 денови...“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Одбележувањето на патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола започна со поставување на изложба на тема „Нашите 365 денови...“ во рамките на која ќе бидат претставени плакати од сите културни активности и настани кои ја обележаа тековната година, како и статии од периодичните публикации во кои се опишани тие активности. Изложбата ја подготвија вработените од Одделението за комплетирање и обработка на библиотечен материјал (периодични публикации). Богатата и разновидна дејност на Библиотеката пред битолската јавност и читателите ќе биде поставена во холот на Библиотеката од 3 до 10 декември 2019 година за достојно да ја претстави нејзината активна улога во збогатувањето на културниот живот на нашиот град.

 

Промоција на on line сликовницата „Среќен роденден“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Публикацијата е заеднички проект на  НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и издавачката куќа Едука Мак.
Оnline сликовницата „Среќен роденден“ е од авторката м-р Ели Маказлиева.

Сликовницата содржи разновидни забавни факти за родендените, прекрасни илустрации што се верен придружник на секој расказ. Во неа ќе слушнеме за планирањето на родендените на дванаесет другарчиња, што се вклучени во организацијата и во реализацијата на своите родендени.
На тој начин ќе научат и сами да планираат и ќе се вклучат во организирањето на сопствените прослави и прекрасни интересни забави, стекнувајќи самодоверба.

Во некои од расказите се спознава воспитната порака за семејството и семејните вредности, бонтонот, екологијата и здравата храна.  

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република  Северна Македонија.

Координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска.

   

Ве покануваме на свеченото одбележување на патрониот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ве покануваме на свеченото одбележување на патрониот празник

 

П Р О Г Р А М А

Поздравно обраќање м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

Во чест на Горан Стефановски

Раде Силјан, Феноменот Горан Стефановски

проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Конзервирани импресии - година без Горан Стефановски

Јоана Поповска, фрагменти од драмите на Горан Стефановски

 

Промоција

Списание Библиотечен тренд бр. 48

Зборник на излагања од 14-та Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија

Промотор

д-р Николче Вељановски

 

Изложби

Тематска изложба на книги Свети Климент Охридски

„Нашите 365 денови...“

 

5.12.2019 (четврток) во 12 часот

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

(сала за промоции I кат)

   

Страница 2 од 239

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер