Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола
Настани
Сечиј живот е приказна
Постојат средби што не се паметат само по кажаните зборови, туку по чувството што го оставаат. Денешната работилница беше токму таква – искрена, емотивна и инспиративна. Под менторство на Билјана Крајчевска, учесниците откриваа дека зад секој човек се крие приказна...
Работилница: „Креативно пишување“
Зборовите имаат сила, а креативноста се развива кога ќе ѝ дадеме простор. Токму со таа идеја, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работилница на тема „Креативно пишување“, под менторство на професорката по македонски јазик Лидија Анастасовска. Преку...
Изложба „Инспирации“
Претставници од нашата библиотека беа присутни на отворањето на изложбата „Инспирации“, во Јуроп Хаус Битола, која преку внимателно избрани фотографии ги носи посетителите низ трите градови што ја носат титулата Eвропска престолнина на културата – Кемниц, Нова Горица...
Нови наслови
Информации:
Начини на пребарување на книги
- Пребарување книги на WEB страната на Библиотеката преку COBISS+ платформата;
- Користење на online сервисот Мојот COBISS (Мојата библиотека);
- Пребарување и резервација на книги преку мобилната апликација mCOBISS, достапна за Android и IOS оперативните системи
Историја на библиотеката
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е составена од два функционално поврзани објекти кои претставуват една целина.
Услуги кои ги нудиме
- Годишна членска карта
- Општи информации за Библиотеката, условите за користење, фондовите и услугите;
- Упатување при користењето на каталозите (каталози со картончиња и автоматизиран каталог OPAC);
- Упатување при користење на секундарни извори на информации (индекси, библиографии и сл.);
- Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации.
Зачленување
Членската карта важи само со личен документ. Книги се позајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката. Книгите се позајмуваат за рок од 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надомест.
Броевите зборуваат за нас
Годишна чланарина и зачленување .





